| |

Бегај од Софија: „Бугарија e и останува традиционално добар партнер на Албанија“

Бугарија e и останува традиционално добар партнер на Албанија. Ова го изјави претседателот на Албанија Бајрам Бегаj по „тет а тет“ средбата со шефот на бугарската држава Румен Радев. Бегај се наоѓа во официјална посета на Бугарија на покана на бугарскиот претседател, јавува БТА.

„Бугарија е шести најважен партнер на Албанија во однос на странските директни инвестиции во Албанија и трет во Југоисточна Европа“, посочи Бегај.

Тој изрази благодарност за поканата и топлото добредојде од претседателот Румен Радев. Бајрам Бегај истакна дека неговата посета на Бугарија јасно ги покажала добрите и пријателски односи меѓу двете земји.

„Годинава се навршуваат 110 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, кои и покрај различностите секогаш одржувале пријателски односи“, рече шефот на албанската држава.

Фото: БГНЕС



Слични Објави