НЕ МОЖЕТЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ ДА ГО ОПРАВДАТЕ „ЗНАЕЊЕТО“ ЗА ИСТОРИЈАТА НА „ИСТОРИЧАРОТ“ ИЦО НАЈДОВСКИ ПЕРИН!
Вчера на телевизија Алфа во емисијата „Отворено студио“ гости беа претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, и австралискиот историчар Ицо Најдовски Перин. Историчарот кажуваше дека Илинденското и Разловечкото востание се македонски и потоа го праша г. Колев чии се овие востанија. На тоа Колев одговори дека не знае бидејќи е правник (односно не изјави дека е бугарско) но му постави прашање на историчарот Перин кој бил во составот на штабот на Илинденското востание и кој бил началник. Не знаејќи историчарот да одговори на историското прашање врати со прашање „ајде кажете ми, да не беше Бугарин ?!“. И така за да се покрие срамот од незнаењето на австралискиот историчар, дијаспорскиот магазин Shilo, со лажни вести сака да го „оцрни“ г. Колев, за да се тргне вниманието за „познавањето“ на историјата на „историчарот“.
Г. Ицо признајте си, ја утнавте работата за сите пари!

