ПЕНДАРОВСКИ, ЏАФЕРИ И СПАСОВСКИ НА БОЖИЌЕН РУЧЕК И ИМЕНДЕН КАЈ Г.Г. СТЕФАН
Претседателот, Стево Пендаровски присуствуваше на свечен ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на Архиѓакон и првомаченик Свети Стефан.
На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот, присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Како што информираат од претседателскиот кабинет, Пендаровски на средбата порачал дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година.
„Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството“, истакнал македонскиот претседател.
Извор: Макфакс