|

ЗАМЕНИЧКАТА НА МИЗРАХИ: МИНИСТЕРКАТА НЕ ГО ПОЗНАВА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкриељ смета дека техничката министерка Рашела Мизрахи со денешната прес-конференција на која тврдеше дека не се решаваат навремено барањата за право на додаток за помош и нега од друго лице и оти се пробиени сите законски рокови покажала оти не го знае Законот за социјална заштита.

„Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена“, се вели во реакцијата на заменик-министерката Шкриељ.



Слични Објави