|

Германска компанија ја зголемува платата од 885 на 1.770 евра за чираците

На пекарниците во Германија им е сè потешко да најдат квалификуван кадар, а пекарската индустрија се соочува со недостиг на кадар. Поради ова, една пекарница во баварскиот град Бамберг била принудена да ги удвои платите на чираците.

„Чираците во четирите филијали на пекарници во Бамберг сега може да се радуваат на многу добри плати бидејќи тие се многу над просекот во индустријата. Ја удвојуваме цената на обуката“, се вели на фејсбук-страницата на синџирот пекарници. Во првата година е 1.350 евра наместо 675 евра, во втората година е 1.510 наместо 755 евра, а во третата година е неверојатни 1.770 евра наместо 885 евра.

Удвојувањето на платата се однесува на обука на слаткарите, пекарите и продавачите. Сопственикот на пекарницата не знае дали ќе помогне зголемувањето на платите. Тој смета дека особено голем минус е работното време во пекарницата, бидејќи е од 2.30 до 11 часот, објави порталот на магазинот „Феникс“. Сепак, завршувањето на работата наутро значи и дека имате голем дел од денот за одмор, велат од таму.



Слични Објави