| |

ВМРО-БНД: Тие што сакаат да го изневерат бугарскиот интерес треба да знаат дека народот нема да им прости

Тие што сакаат да ги изневерат националните интереси мора да знаат дека народот нема да прости, ВМРО нема да прости.

Со овие зборови лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов и претседателскиот кандидат на партијата доц.д-р Милен Михов официјално ја затворија кампањата на ВМРО за изборите на 14 ноември, јавува БГНЕС.

„Не случајно го избравме споменикот на цар Самуил за да ја затвориме нашата кампања. Овој споменик е симбол на единството на бугарската нација. Националниот идеал кој ни го оставија нашите големи лидери останува единствен. А пораката е една – Македонија е бугарска – во минатото и засекогаш, нагласи потпретседателот на ВМОРО и европратеник Ангел Џамбазки.

Тој истакна и дека е прашање на достоинство, должност и чест на секој кандидат и иден пратеник да го брани бугарскиот национален интерес.

„Немојте да мислите дека тие што ќе влезат во парламентот ќе го изневерат националниот идеал. Ова е пораката на нашето место да ја затвориме кампањата“, подвлече Џамбаски.



Слични Објави