АЛАБАМА ЌЕ КАСТРИРА СЕКСУАЛНИ НАСИЛНИЦИ НА ДЕЦА
Властите во американската држава Алабама усвоија закон со кој се бара хемиска кастрација на насилници на деца кои се постари од 21 година и кои злоупотребувале деца на возраст под 13 години.
Овој закон има за цел оваа мерка да ја направи услов за помилување, што значи дека сексуалните престапници ќе бидат подложени на хемиска кастрација пред да излезат од затвор.
Законот и претходно беше предложен, но сега за прв пат беше усвоен и во двата дома на Парламентот на оваа федералнаа држава, и само се чека да биде потпишан од гувернерот Кеј Ајви.
Извор: Макфакс