Софија утре ќе одбележи 145 години од ослободувањето од османлиска власт
Градот Софија утре 4 јануари со различни настани ќе ја одбележи 145 годишнина од своето ослободување од османлиска власт.
Од 10:00 часот во митрополитскиот храм „Света Недела“ ќе се одржи благодарствена молитва во знак на сеќавање на загинатите војници. Камбаните на софиските храмови ќе ечат низ главниот градот.
Од 11:00 до 13:00 часот ќе биде поставена почесна стража од единицата на Националната гарда пред Споменикот на бугарските војници.
Во галерија на отворено во Градската градина ќе биде претставена изложбата „Една млада престолнина патува низ светот“ на која ќе бидат прикажани најинтересните илустрирани литографски картички на Софија од последните години на XIX век, избрани од локалната колекција.
Софиската градска уметничка галерија и Регионалниот историски музеј – Софија ќе работат со бесплатен влез за посетителите.
