Бугарската народна банка пушти комеморативна монета со ликот на Христо Ботев
Бугарската народна банка денес пушти во продажба сребрена комеморативна монета по повод 175-годишнината од раѓањето на Христо Ботев. Монетата е од серијата „Бугарска преродба“.
Пред зградата на БНБ веќе има редица луѓе кои сакаат да ја купат комеморативната паричка, а некои луѓе чекаат во редица уште од синоќа.
Цената на монетата пуштена во оптек е 114 лева. Се продава во Бугарската народна банка – на две каси во Софија, плоштад Књаз Александар I бр. 1 и четири каси во благајничкиот центар на БНБ во Софија на улица Михаил Тенев бр. 10, како и во канцеларии и филијали на некои комерцијални банки.
Секој клиент (физичко или правно лице) може да купи само една монета од касите на БНБ, без разлика дали на свое име и на свој трошок или во име на друго лице, со доставено полномошно овластување заверено на нотар за купување на конкретната комеморативна монета.
Лицата кои купуваат комеморативни монети мора да имаат најмалку 18 години.