| |

СЕ ЗНАЕ КОЈ ЈА ВТЕМЕЛИ МАКЕДОНИЈА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ НЕА ЌЕ ЈА СРУШИ?!

Коментирајќи ги бугарско-македонските недоразбирања, познатиот албански писател Ким Мехмети вели дека се знае кој ја втемели сегашна Македонија, но не се знае дали неа ќе ја срушат подмолните политичари налик на Заев и Али Ахмети, или македонските „патриоти” кои заспиваат и се будат со антиалбански и антибугарски пароли.

Според Ким Мехмети, „родителите” на денешна Македонија се титовите комунисти и Федеративна Југославија.

Тој тврди дека Белград ја напиша историјата на македонскиот народ и го „кодифицира” македонскиот јазик, само за да ги одалечи нив што повеќе од бугарскиот и да ги „збратими” со српскиот народ и јазик.

Подолу ви го пренесуваме интегралниот коментар на писателот Ким Мехмети.

“Се знае кој ја втемели денешна Македонија и кои се нејзините родители; нејзини „татковци” се титовите комунисти, а „мајка” Федеративна Југославија!

Се знае и кој нејзе и ја напиша историјата, за македонскиот народ да го одалечи што повеќе од бугарскиот и да ги „збратими” со српскиот, како што се знае и кој го „кодифицираше” македонскиот јазик, за да го „очисти” од сите сличности со бугарскиот, и да го „посестрими” со српскиот јазик: Белград и „Ѓиласовите комисии”!

Многу нешта поврзани со создавањето на сегашна Македонија се познати, но не се знае кој неа ќе ја урне: подмолните политичари како Заев и претседателот на ДУИ, кои го велат тоа што сакате до го слушнете и што ги штити нивните бизнис интереси и што ги одржува на власт, или македонските „патриоти” кои заспиваат и се будат со паролите „Смрт на шиптарите”, „Македонија на македонците” и „Бугари -татари”!

Можеби и не е толку јасно дали е Гоце Делчев Бугарин кој се барел за ослободување на Македонија, или Македонец кој се „маскирал” како Бугарин, но нема никаква двојба дека ние Балканците, покрај преплетеното минато и дебелите книги по историја, заеднички ни се и високите споменици на хероите од изгубените битки, како и политичарите како ни го бранат минатото, но само колку да не видиме дека тие ни ја украле денешнината и ни ја потрошиле иднината! ”



Слични Објави