КОНЕЧНО НА РЕД ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ ДОЈДЕ И ТЕЛЕФОНОТ НА БОКИ 13
Се преземаат активности за вештачење и на мобилниот телефон на Бојан Јовановски – Боки 13, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Плусинфо“.
Телефонот на Јовановски му бил одземен уште на 15 јули, кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“ и тој заедно со Зоран Милески – Кичеец, беше приведен.
Тогаш, обвинителката Вилма Русковска прати истражители и во домот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, да ѝ ги одземат мобилните телефони за да се провери вмешаноста на Јанева во овој скандал.
