ЗАЕВ ГО ЧЕСТИТА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ: НЕКА Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ НА СОЛИДАРНОСТА И ГРИЖАТА КОН ДРУГИТЕ

//

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, до сите наши граѓани од исламска вероисповед, до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот, упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

„На сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, им посакувам среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје“ стои во честитката на премиерот Заев.

„Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник! “, истакнува во честитката Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по повод празникот Курбан Бајрам со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови.



Претходна статија

СДСМ: НЕМА ДА УСПЕАТ ОБИДИТЕ НА МИЦКОСКИ И ТАЈКУНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА ЗАГРОЗАТ ПРАВНАТА ДРЖАВА

Следна статија

ВУЧИЌ ОЧЕКУВА УШТЕ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Најново од Вести