СДСМ: НЕМА ДА УСПЕАТ ОБИДИТЕ НА МИЦКОСКИ И ТАЈКУНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА ЗАГРОЗАТ ПРАВНАТА ДРЖАВА

//

„Единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ беше и останува одбрана на криминалот на режимот.

ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви.

Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.

Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.



Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.

Сите предмети, од ,,Империја” и ,,Талир” преку „Тврдина“ „ТНТ“, „Топлик“ „Тарифа“ ,,Трезор“, па се до „Титаник” и ,,Тревник” мора да бидат расветлени до крај и сите за кои ќе се утврди вина да одговараат“, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Претходна статија

АРАЧИНОВЕЦ ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ

Следна статија

ЗАЕВ ГО ЧЕСТИТА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ: НЕКА Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ НА СОЛИДАРНОСТА И ГРИЖАТА КОН ДРУГИТЕ

Најново од Вести