Чешкиот амбасадор во Бугарија: Францускиот предлог е единствената шанса РС Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

/

Францускиот предлог е единствената шанса за Република Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Се е во рацете на македонските политичари. Ова во специјално интервју за БГНЕС го изјави амбасадорот на Чешката Република во Бугарија Лукаш Кауцки, чија земја го презема претседавањето со Советот на Европа во следните шест месеци.

Амбасадорот Кауцки искрено се надева дека новиот предлог ќе биде прифатлив за политичарите во Скопје и за македонските претставници.

„Според мене, ова е единствената шанса за почеток на пристапните преговори. Во моментов сè е во рацете на политичарите во Северна Македонија, не можам да предвидам што ќе одлучат, но навистина се надевам дека во наредните недели оваа приказна ќе заврши (за прифаќањето на францускиот предлог) и ќе започне, нова приказна за постепен прием на Албанија и РСМ во ЕУ“, рече чешкиот амбасадор.



Тој изјави и дека чешкото претседателство не ја разгледува можноста Албанија и РСМ да се разделат на патот кон Европа. „Од почетокот на „приказната“, Албанија и РСМ се разгледуваат заедно. Наша задача и желба е да ги започнеме преговорите заедно со двете страни“, додаде амбасадорот Кауцки.

Претходна статија

Османи: Протоколот е билатералниот дел со Бугарија, од пакетот на францускиот предлог

Следна статија

Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија

Најново од Вести