| |

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ КАЈ ПРИЛЕП, НА ЛИЦЕ МЕСТО ПОЧИНА СОВОЗАЧОТ

Седумдесет и едногодишен прилепчанец почина во сообраќајна несреќа вчера напладне на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после селото Ропотово.

Тој бил сопатник во возилото кое излетало во канал надвор од патот, а со кое управувал М.Т.(66) од Прилеп.

Возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница, информираат од полицијата.

Од прилепското обвинителство информираа дека заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера извршиле увид на патот каде се случи сообраќајна несреќа. Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.

Слични Објави