|

Книга за познатото бугарско семејство на фотографи Хитрови

„Балканска фотографија. Протагонистите – Тома и Никола од фотографското семејство Хитрови“ – така се вика новата книга на Зафер Галибов, фотограф, фоторепортер и истражувач на бугарскaта ликовна уметност.

Главни ликови на оваа книга се Тома и Никола Хитрови кои се претставници на познатото фотографско семејство Хитрови. Благодарение на нив, за идните генерации се зачувани ликовите на големите бугарски револуционери Васил Левски, Христо Ботев, Захари Стојанов, Панајот Хитов, Хаџи Димитар, Филип Тотју, Стефан Караџа и Тодор Каблешков. Тома Хитров е фотографот кој ја направил единствената фотографија од мајката на Левски – Гина Кунчева.

Зафер Галибов со својата вродена истрајност и целисходност успева да не води низ временските, просторните и историските лавиринти и да не доближи до личности кои ја обележале бугарската и светската историја. Галибов знае дека денес и само една слика може да „изговори илјада зборови“, со која може да се раскаже за времето на ајдучките чети, за бугарските национални борби пред ослободувањето како и за херојските денови во Руско-турската војна, ослободувањето на Бугарија, војната меѓу Србија и Бугарија во првите децении по Ослободувањето.

Во сите овие настани учествуваат и браќата Хитрови. Во книгата за прв пат е претставено делото на Елена Хитрова која е основач на бугарската модна и рекламна фотографија.

По Првата светска војна, семејството се соочило со нови предизвици и нивните наследници тргнале да се докажуваат во Новиот свет. И тие се докажуваат иако далеку од Бугарија – сè до Њујорк и Големиот залив во Сан Франциско. И таму не ги оставил нивниот необичен креативен дух и до крајот на животот останале вистински претставници на креативната фотографска заедница.

Слични Објави