ВО БИТОЛА ПОЧНУВА „НЕДЕЛА НА ИРАНСКИОТ ФИЛМ“

НУ Центар за култура-Битола во соработка со амбасадата на Исламска Република Иран, од денес до 27 октомври организира „Недела на иранскиот филм“. Манифестацијата ќе почне со проекција на филмот „Коцка шеќер“, а на свеченото отворање ќе присуствува амбасадорот на Иран, Хосеин Карими. -Неделата на ирански филм се организира за прв пат во Битола.

Проекциите ќе се реализираат во малата сала каде освен филмот на отворање, ќе бидат емитувани и филмовите „Не се срами“, „Децата на рајот“, „Кафе транзит“, „Денеска“, „Базен за цртање“ и „Каде е куќата на пријателот“, информираат од НУ Центар за култура-Битола.



Влезот за секоја филмска програма е бесплатен.

Претходна статија

ПРЕТСТАВАТА „КАРНЕВАЛИТЕ НА КОРЧА“ ГО ОТВОРА ФЕСТИВАЛОТ „СКУПИ“

Следна статија

МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА СО ИЗЛОЖБАТА „ЦРН ПЕТЕЛ, ЦРВЕНА КОКОШКА“ ГОСТУВА ВО СОФИЈА

Најново од Култура