Каj Страцин беше оддадена почит кон загинатите бугарски војници во Страцинско-кумановската операција за време на Втората светска војна
Здружената команда за специјални операции (СКСО) и Сојузот на ветераните од војните на Бугарија вчера во кратовското село Страцин, оддадоа почит на загинатите падобранци за време на Странцинско-кумановската операција за време на Втората светска војна.
На одбележувањето присуствуваа амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов, ополномоштениот министер на Република Бугарија во Скопје Петјо В’лков, советникот во Амбасадата на Република Бугарија Сергеј Андреев, советникот на Генералниот конзулат во Битола Илијан Крастев, командантот на СКСО генерал-мајор Јавор Матеев, помошникот воено аташе м-р Дијан Динев, претставници на бугарски организации и здруженија во Република Северна Македонија и вработени во Дирекцијата „Социјална политика и воено-патриотска образовна политика“ кон Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Свештеници од Кумановско-осоговската епархија на Православната црква на Република Северна Македонија одржаа панихида во спомен на загинатите.