Премиерот Желјазков на средба на „Коалицијата на подготвените“ во Париз
Бугарскиот премиер Росен Желјазков ќе учествува на состанокот на „Коалицијата на подготвените“ што ќе се одржи денеска во Елисејската палата во Париз.
Средбата се организира по покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со британскиот премиер Кир Стармер. На настанот ќе присуствуваат претставници на 35 држави, европските институции, НАТО, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Целта на состанокот е да се направи пресек на разговорите за праведен и траен мир во Украина, да се финализира придонесот на Коалицијата кон рамката за безбедносни гаранции и да се договорат следните чекори за поддршка на Украина.
