| |

ЗАЕВ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА, НО ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ НА РЕФЕРЕНДУМ

Договорот го означува почетокот на крајот на неизвесноста за Македонија и преставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, истакна премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница на која треба биде ратификуван договорот со Грција.

– Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече Заев.

Премиерот повика на единство во решавањето на ова прашање и подвлече дека  граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев

На седницата за ратификација на договорот не се присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави