КЦ Иван Михајлов-Битола: Рокот за донесување Указ за бугарско државјанство се намалува на 9 месеци

/

„Според измените граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство ќе ги поднесуваат своите документи само пред една институција Министерството за правда.

Според новите измени лицето што сака да добие бугарско државјанство треба да поднесе молба и документи кои докажуваат дека има барем родител Бугарин, баба или дедо.

Ако лицето не поседува такви документи ќе се чека одлуката на новосоздадениот Консултативен Совет на Државната агенција за Бугарите во странство. Ставот дали лицето е од бугарско потекло ќе се темели на користењето бугарски јазик и самоопределбата како Бугарин и ако лицето одговара барем на еден од следните услови:
– да е дел од бугарска заедница или бугарско малцинство во друга држава
– потекнува од населено место коешто било дел од бугарската држава или што било дел од досегот на бугарската Егзархија
– има родители, баби, дедовци со традиционални бугарски фамилијарни презимиња

Рокот за донесување Указ од страна на министерот за правда се намалува на 9 месеци“, се вели во соопштението на Културен центар Иван Михајлов- Битола.



Претходна статија

Нон-пејпер со непознат автор поддржува бугарски и македонски наратив за историјата за надминување на спорот со Бугарија

Следна статија

Поранешен министер тврди: Заев му дал моќ на Артан Груби, има „бомби“ за сите функционери на ДУИ

Најново од Вести