Изложба посветена на бугарските кукерски танци e отворена во Единбург
Изложба посветена на бугарските кукерски танци беше отворена на 30 март во Централната библиотека во Единбург, Шкотска, и ќе трае до 30 април. Во експозицијата се вклучени творби на ученици од Првото бугарско неделно училиште „Надежда Станчова – Лејди Мјур“ во градот, соопштија на Фејсбук од бугарското просветно средиште, пренесува БНР.
Експозицијата „Kukeri Dancing in Scotland“ е дел од иницијативата „Живо наследство“ (Living Heritage) и опфаќа маски, цртежи и експонати инспирирани од кукерските игри како дел од нематеријалното културно наследство. Изложбата е поставена во Edinburgh Central Library на адреса: 7-9 George IV Bridge, Единбург.
Првото бугарско училиште во Шкотска е основано од семејството Спас и Даниела Јаневи на 14 февруари 2015 година, со настава за група деца од бугарско потекло. Во 2017 година кон него е формиран Бугарски културен и образовен центар во Шкотска, кој ја администрира работата на училиштето. Денес пет наставници обучуваат повеќе од 115 деца на возраст од 3 до 19 години од различни делови на Шкотска – од предучилишни групи до 12 одделение, потсетуваат од БТА.

