| |

ПРИЈАВЕНИ 68 ПОВРЕДЕНИ И ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Министерката за одбрана Олта Џачка го презентира првичниот извештај за последиците од двата силни земјотреса што вчера попладне ја погодија Албанија, јавува НОВА.

„Според првичните официјални информации, иако овие информации се ажурираат од минута во минута бидејќи тимовите ја скенираат ситуацијата на теренот, до овој момент има 68 пријавени повредени, но во сите случаи станува збор за полесни повреди. Она што е најважно е што немаме загуба на животи“, рече Џачка.

Според неа поголема материјална штета е причинета на куќи и станбени згради, пред се во Драч и во Тирана.

Слични Објави