|

Посилен земјотрес во северен Израел

Земјотрес со јачина од 3,8 степени е регистриран на северот на Израел, соопшти службата за геолошки надзор на земјата.

Земјотресот бил почувствуван во голем дел од северен Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени, но жителите во тој дел од земјата велат дека се треселе згради и други објекти.

Слични Објави