СЕ ИСТРАЖУВААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА ТРИТЕ РОДИЛКИ

/

За само месец и половина по болниците низ државава при породување починале три родилки. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сè уште се бара одговор на тоа од што починале, а досегашните сознанија не упатуваат на лекарска грешка. Во јуни почина родилка во штипската болница, а во јули во Скопје две породоувања завршија фатално за мајките – гевгеличанка со постпартални компликации била донесена на Клиниките во Скопје, додека во средата во сецијалната болница за гинекологија  во Чаир почина уште една родилка.

Министерот Филипче ги чека конечните извештаи и наоди од комисијата формирана за истражување на причините, како и наодите од обдукцијата од Институтот за судска медицина.





Претходна статија

ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО СВОЈОТ ТРИМЕСЕЧЕН СИН

Следна статија

ВИДЕО: ПАРАДА НА ФИЌОВЦИ ВО САРАЕВО

Најново од Вести