ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА МОТОР И АВТОМОБИЛ
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на регионалниот пат Струмица – с. Баница помеѓу мотоцикл, управуван од Д. А. (28) од Струмица, и автомобил „ситроен Ц4“, управуван од А. К. (75) од Струмица.
Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош, а телесни повреди добила сопатничката на мотоциклот С. Ф. (35) од с. Вељуса.
Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.

