Во чест на одбележувањето на 63. роденден на некогаш популарниот модел Застава 750, народното милениче попознато како „фиќо“, во Сараево денес се одржа манифестацијата „Фиќо-фест“. Ова е втора манифестација по ред и оваа година успеа да привлече огромен број учесници и љубители на ова количе. Организаторите тврдат дека освен домашните, настанот го посетиле љубители и сопственици на фиќо од целиот свет.
Фадил Черимагич, претставник на едно од здруженијата кои го организираа настанот, вели:
„Интересот е огромен бидејќи фиќото на многумина сè уште им е омилен автомобил. Имаме учесници од БиХ, но ни доаѓаат гости и од регионот и од другите европски земји. На Башчаршија денес можеа да се видат фиќовци во сите бои и модели, од обични до кабиолети. Луѓето сè уште се емотовно поврзани со фиќото. Секој пат кога ќе ме видат како го возам ми доаѓаат луѓе и сакаат да се сликаат со него. Фиќото и денес останува голема атракција.“
Погледнете го видеото од настанот
ОВДЕ.
На настанот, симболично, имаше 63 возила и околу 200 учесници. Најстарото возило е од Словенија, произведено 1955. години и има 63 години. Првото фиќо е произведено 1955. година и денес го слави 63. роденден. Цел на настанот пред сè беше запознавање, дружење и споделување љубов кон овој модел возила. На настанот немаше претставници од Македонија.
Фиќото или Застава 750 почна да се произведува по лиценца на ФИАТ на основа на моделот 600, дело на главниот инженер на ФИАТ, Данте Џакоза. Многу истржувања покажуваат дека токму моделот 600 до ден денес останува најуспешниот модел во историјата на оваа марка. Во првите пет години производство продадени се милион возила.
Ако и вие сте љубител на фичовците, проверете го твитер хаштагот #ФичлакНаДенот и уживајте во прекрасните фотографии кои враќаат спомени.