| |

Радев од Петрич: Пиринска Македонија продолжува да биде тврдина на бугарштината, родољубието и историската вистина

„Пиринска Македонија продолжува да биде тврдина на бугарштината, на родољубието и историската вистина од која имаме потреба и денеска“, изјави во својот говор бугарскиот претседател Румен Радев, кој учествуваше во прославата на годишнината од ослободувањето на градот Петрич.

„Овде сé уште се штитат честа и достоинството на македонските Бугари и на нивните вековни традиции и каузи”, додава Радев.

Во својот говор бугарскиот претседател истакна дека слободата на Пиринска Македонија се претворила во штит за локалното население.

„Во спас од насилното обезбугарување и зулумите врз бугарската самосвест и родова меморија, во штит против насилно наметнуваните туѓи идеологии што имаа една цел, да избришат се што е бугарско”, изјави Радев.

Во својот говор Радев ги повика присутните да наведнат глави пред сите кои го дале својот живот за слободата на татковината.

„Нека нивниот хероизам и саможртва бидат потсетник и должност за сите нас да продолжиме да го штитиме бугарскиот дух во Пиринска Македонија”, истакна Радев.



Слични Објави