Темата Северна Македонија е огромната црвена линија, што може да создаде тензии во владејачката коалиција во Бугарија. Ова за Бугарската национална телевизија го изјави пратеникот од партијата „Има таков народ“ Станислав Балабанов.
„Таквата тема навистина е можно да се создаде екстремна тензија во коалицијата, бидејќи таа е во основата на коалицискиот договор“, вели Балабанов.
„Ние ја информиравме јавноста со вистинита информација и токму на време, за да можат оние што воделе разговори, кои не се усогласени со нас и биле во интерес на тоа на најбрз можен начин да се тргне ветото и практички националниот интес да се стави на маса, да ја ревидираат својата позиција “ вели Балабанов.
Тој додаде дека во спротивен случај, врз основ на веќе искажаните во јавноста ставови, ќе стане јасно како ќе постапи и самата партија ИТН.