| | |

(Видео) Дендијас: Соработката меѓу Бугарија и Грција во одбранбените иновации може да биде корисна за Европа

Соработката меѓу Бугарија и Грција во областа на одбранбените иновации може да придонесе и за безбедноста на Европа, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас по средбата со бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов во Софија, јавува БГНЕС.

Дендијас истакна дека Грција веќе обезбедува поддршка за заштита на бугарскиот воздушен простор. „Многу сум горд и среќен што грчка батерија „Патриот“ покрива значителен дел од бугарскиот воздушен простор од ракетни закани и дека два грчки ловци Ф-16 го покрива целото бугарско воздушно пространство од други закани, вклучително и дронови“, рече тој.

Тој нагласи дека Атина одговорила на барањето на Бугарија за поддршка во услови на зголемени безбедносни ризици. „Сметавме дека имаме обврска да одговориме на барањето на Бугарија да помогнеме во справувањето со заканите со кои се соочува земјата како последица од војната во Иран“, додаде Дендијас.

Министрите разговарале и за воена мобилност, заеднички инфраструктурни проекти и соработка со Романија, како и за европскиот механизам SAFE и одбранбените иновации.

„Ние сме две држави кои не се големи и комуникацијата меѓу нашите екосистеми за одбранбени иновации може да биде корисна и за Бугарија и за Грција, но и за Европа во целина“, изјави Дендијас.

Слични Објави