| |

Бугарија се претстави на „Образовна берза 2025“ во Битола, Тетово и Струмица

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, минатата недела учествуваа на саемот за високо образование во Европската Унија, што се одржа во рамките на иницијативата #TeamEurope. Настанот, познат како Образовна берза 2025, имаше за цел да ги претстави можностите за студирање во земјите на ЕУ, јавува БКИЦ-Скопје.

Бугарија беше дел од излагањата што се одржаа во EU House Битола (14 октомври), EU House Тетово (16 октомври) и EU House Струмица (17 октомври).


Претставниците на Бугарија се сретнаа со бројни млади луѓе кои со голем интерес ги откриваа патиштата кон бугарските универзитети и европските образовни програми.

На штандот на Бугарија присуствуваше и директорката на БНУ „Здравеј“Академија за иновативно образование – Скопје Илијана Атанасова, која ги претстави можностите за образование, култура и идна соработка меѓу двете земји.

Посетителите добија информативни брошури, флаери и други промотивни материјали подготвени за брендирање и популаризација на Бугарија како атрактивна дестинација за студии.
Во одговор на бројни прашања, беше споделена и детална информација за бесплатната онлајн подготовка за приемниот испит по бугарски јазик, литература и историја на Бугарија според Уредбите бр. 103/1993 и 228/1997, како и за роковите и начинот на аплицирање, системот со бодови, сместување во студентските домови и други детали од кандидатстудентската кампања.

„Благодарни сме на сите млади луѓе кои покажаа љубопитност и инспирација да го откријат бугарското образование и европските можности што ги нуди ЕУ,“ истакнаа од БКИЦ-Скопје.

Слични Објави