Децата од саботно-неделното училиште „Здравеј“ правеа мартинки по повод 1 март

///

Во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во петокот се одржа работилница за изработка на мартеници (мартинки) по повод денот на Баба Марта – 1 март, кога според традицијата во Бугарија луѓето си подаруваат мартеници (мартенки).

Во работилницата организирана од саботно-неделното училиште „Здравеј“ во Скопје, учествуваа децата од училиштето и деца од други училишта во главниот град.

Гости на работилницата беа сопругата на амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Билјана Ангелова и директорката на Бугарскиот културно-информативен центар Антонија Велева. Двете дами се вклучија во креативниот процес и исто така изработија мартинки.

Мартинките изработени од децата ќе бидат основен дел од чествувањето на 1 март во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.



Повеќе за традицијата на подарување мартинки можете да прочитате овде.

Погледнете ја галеријата што следи:

Претходна статија

Путин нареди руските нуклеарни сили да се стават во борбена готовност

Следна статија

ЕУ треба да се подготви за милиони украински бегалци

Најново од Вести