|

Алиу: Со предлог измените на Законот за здравствена заштита се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство

Чест ми е што денес сум со вас и што имам можност да se обратам по повод значајниот јубилеј – 80 години постоење и делување. Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството. Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е врвен приоритет, истакна во своето поздравно обраќање министерот за здравство, Азир Алиу на одбележувањето 80 години јубилеј на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Во своето обраќање Алиу се осврна на предлог измените на Законот за здравствена заштита, со кој е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат, доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст.

Со ова, како што е нагласено, се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство.
Дополнително, преку програмите на Министерството е обезбено и бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за пензионери со пониски примања, со што директно се намалува финансискиот товар и се овозможува подобар пристап до неопходната здравствена грижа.

Слични Објави