|

Го излажале дека ќе му ја намалат затворската казна, осуденик измамен за 890.000 денари

Осуденик во затворот во Прилеп бил измамен дека за 890.000 денари ќе му ја намалат затворската казна.

Според информациите од МВР, вчера во полиција, осуденик од Kазнено– поправната установа Затвор Прилеп пријавил дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари.

Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку наврати. Но, откако сфатил дека бил измамен, настанот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави