| |

Во Иваново Србија беше отворен 16-от Салон за уметничка фотографија

Во зградата на Домот на културата во Иваново вчера беше отворен 16 Салон за уметничка фотографија со тема „Иваново во фокусот“. На настанот присуствуваа претставници на Амбасадата на Бугарија во Србија, објави мултимедијалениот портал ФАР, пренесува БТА.

За време на церемонијата беа доделени награди на победниците на манифестацијата.

На изложбата беа претставени 196 фотографии на тема Иваново и 91 на слободна тема.

Настанот го отвори Марко Гуран, директор на Домот на културата во Иваново – институција со која бугарската амбасада одржува и развива успешна соработка, информираат од дипломатското претставништво на Бугарија во Белград.

Слични Објави