Македонската амбасадорка во Бугарија му ги предаде акредитивните писма на Радев

//

Новоименуваната амбасадорка на земјава во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска денеска ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател, Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Руси-Поповска е првата жена амбасадор на земјава во Софија, од 12 јануари 1992 година, пред 30 години, кога Бугарија ја призна независноста на тогашната Република Македонија, од Владата на Филип Димитров и беа воспоставени дипломатски односи.

Северна Македонија две години немаше амбасадор во Бугарија, откако пролетта 2020 година истече мандатот на последниот амбасадор, Маријан Ѓорчев и тој се врати во Скопје.

На иста церемонија со Руси-Поповска, Радев ги прими и акредитивните писма и на амбасадорите на Австрија, Ватикан, Кувајт, Либија, Литванија и Словенија во Софија.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

А еден Клуб за Курт Валдхајм да отвориме во Сојузот на Првоборците, м?

Следна статија

Османи ги осуди руските ракетни напади во Украина како флагрантно кршење на меѓународното право

Најново од Вести