А еден Клуб за Курт Валдхајм да отвориме во Сојузот на Првоборците, м?

//

Fb статус на Арсим Зеколи

Ако се забрани Цар Борис (и било кое друго име некомпатимбилно со службените лажни истории на Македонија) пред него треба да биде забрането името на Гимназијата Јосип Броз Тито и сите југословенски и македонски комунистички дејци. Оваа пренесена и надградена оценка дадена од бугарски претставници е провокативна во очите на површните, но субстанцијално точна во историјски и морален аспект. Бидејќи, едноставно нели (Љ.Г.), оние кои живеат под стакленици веќе 80 години здосадија со фрлање справедливи камења по туѓи глави и судбини. Дотолку повеќе што камењата во нивни раце имаат врежано свастика во срцето на петокраката.

Да поминеме на битното. Доколку Цар Борис (и сите други немакедонски цареви) се забранат поради “фашизмот”, истото треба да се случи со Јосип Броз Тито поради нацизмот на Курт Валдхајм. Поточно, поради историјскиот куриозитет што поранешниот СС војник на служба низ Балканите и Македонија, има добиено ордени како од Поглавникот Анте Павелиќ така и од Маршалот ЈБ Тито. Со таа разлика што првиот знаел кому дава, а вториот – како со многу други прашања – “глумел незнаење”. Третиот лик во оваа наци-комунистичка оперета е “дивиот македонски националист” Лазар Мојсов, пријател на Валдхајм, прогонувач на Албанците и Бугарите и лик “загрижен за неправдите кон Курто”.

За Валдхајм знаеме доволно. Германски разузнувач во седиштето на Германската армија во Белград, ги покривал операциите на Козара, Сутјеска, испраќањето луѓе во Јасеновац, чистката на Евреи од Солун, а шпартал и низ Македонија, во дружење со млади Скојевки, де (види слика). По војната бил заробен, истражуван, испрашуван, забележан, запишан итн. За потоа да стане Ген-Сек на ООН, Претседател на Австрија итн. И тема на најголемиот скандал во историјата на ООН.

Мојата генерација памети кога во средината на 80тите години се појавија два скандала – едниот за Валдхајм во ООН и вториот за судењето на Андрија Артуковиќ, поранешен усташки поглавар во Јасеновац. Запаметете ја оваа коинциденција.

При првата посета на Ген-Сек Валдхајм на Југославија ќе изјави пред Маршалот: “Многу ви е увава вашава земја”. На што браварот ќе изглуми изненаденост: “Никогаш не сте биле овде претходно?”. Валдхајм спремно ќе одговори “Никогаш!”. Оваа навидум спонтана размена на куртоазија всушност крие прецизно режирана епизода на взаемно пречистување на Валдхајм од неговите претходни “посети” на СФРЈ, додека пак на Тито му се овозможува алиби на “незнаење” за контроверзното минато на гостинот. Вклучително фактот дека во 1947 Валдхајм бил осуден токму ФНРЈ како воен злосторник, од страна на судот на истиот Маршал со пресуда F-25572 датирана на 17. Ноември1947.

Во реалноста, минатото на Валдхајм било добро познато на САД, Британија уште од крајот на Втората Светска војна, подеднакво како и на СССР, и повеќето светски влади, особено на Финска. Која имаше свој против-кандидат за Ген-Сек. САД, Британија, Кина и други земји беа против номинацијата на Валдхајм за Ген-Сек, за разлика од СФРЈ која го подржуваше. Секако не од “соседски” мотиви, туку слично на СССР поради можноста за негово искористување преку уцена со сознанијата за неговото нацистичко минато.

Наместо оградување од ликот Валдхајм по објавата на скандалот во 1987 година, историчарот Данко Васовиќ ќе забележи дека се има случено спротивното – водството на СФРЈ впрегнало сили на спасување на “добриот солдат Курт”. Следела координирана акција на Југословенските и Руските служби за дискредитација на објавените сознанија преку ширење на фалсифицирани, лажни документи со кои се амнестирал Валдхајм. Причината за таа жестока одбрана на СФРЈ воениот злосторник осуден од ФНРЈ може да се најде во широкоградите комплименти кои Валдхајм ги нудел за Југославија и Тито како планетарен фактор.

Во време на средбите, Центарот Визентал веќе ги имаше сите релевантни податоци за Валдахјм. “Го имавме втерано во ќош. Ни недостасуваше само конкретен доказ за него, но очигледно Тито и други државници го штителе. Југославија, на која и имаше нанесено многу зла, го зема во одбрана” – ќе изјави Симон Визентал.

На тоа се надоврзува историчарот Васовиќ: “Добив пристап до филмски архиви кои докажуваат дека Валдхајм е лилно одговорен за смрт на иљадници луѓе во Јасеновац 1942 година, како и дека Југословенската и Руската разунавачка служба имаат спремено лажни документи за да го спасат”. Според други извори, самиот ЈБ Тито ги има информирано и го има предадено досието на Валдхајм лично на Хрушчов по смрта на арх-непријателот Стаљин. Од друга страна, САД и Британија го ставаат Валдхајм на црна листа со забрана за влез во нивните земји.

Во 1986 година владата на САД ќе упати барање до СФРЈ за достава на документи со кои Валдхајм се оптужува за воени злосторства. Воедно, САД инсистира дека владата на СФРЈ треба да објасни како Валдхајм (награден со орден од нацистичката творба НДХ) ја посетил Југославија, бил пример од Маршал Тито и воедно му бил врачен висок медал. (New York Times, 8 јуни 1986).



Во реакцијата од Белград, владиниот портпарол Александар Станиќ ќе се обиде да заземе неутрален став изјавувајќи “изборите во пријателска Австрија се прашање на Австрија и Австријанците”. Во помош ќе дојде и водачот на СК Словенија Јоже Смоле кој ќе изјави дека “вистината е дека кога се бираше за Ген-Сек на ООН, ние немавме знаења за активностите на Валдхајм на нашата територија. Ве убедувам дека ни Тито не знаеше за тоа”.

Но како што новинарот на ЊЈ Тајмс Џон Таглабу ќе забележи “останатите лидери не се толку убедени. Во интервју за виенски Курир, поранешниот Премеир на СФРЈ ќе се согласи дека било сосема веројатно дека Маршал Тито или барем луѓето во неговиот секретаријат биле запознаети со воените активности на г. Валдхајм”.Во ист ден (8 Јуни 1986г), белградскиот неделник Дуга ќе објави напис “Орден за бесењето на Мира Чикота” во кое се опишува како младата Мира во раните 20ти години на животот, била измачувана и обесена, наводно по наредба на единицата на Валдхајм, за сорабокта со герилата.

Во Сојузната Скупштина, пратеникот од Словенија Лојзе Скок ќе запраша “зошто нашата земја не постави прашање и не реагираше кога службените тела на крај на војната го означија Валдхајм како воен злосторник, особено во времето кога беше номиниран како кандидат за Ген-Сек на ООН”

Клучната улога во криењето на вистината за Валдхајм сепак е поврзана за истакнатиот Македонски комунист, близок како до ЈБ Тито така и до Ген-Сек Валдхајм. За тоа, пренесено од дневникот Нова Македонија.

Во 1986 година, кога Курт Валдхајм се кандидирал за претседател на Австрија, пет години по завршувањето на неговиот ангажман како генерален секретар на ОН, во јавноста излегуваат информации дека за време на Втората светска војна Валдхајм бил офицер на СС-трупите на Хитлер. Според информациите што биле објавени во тоа време во српскиот печат, освен Тито, за нацистичкото минато на Валдхајм знаел и Лазар Мојсов, всушност токму тој му го донел досието на Тито во Белград, а Јосип Броз го чувал во својата архива како строго доверлив документ.

Како и да е, неколку месеци по изборот на Валдхајм за претседател на Австрија, во 1987 година, српскиот весник „Вечерни новости“ објавува серија текстови посветени на „тајното досие на Курт Валдхајм“, а главниот уредник Илија Боровњак итно е повикан во кабинетот на Лазар Мојсов. Според сведоштвото на Боровњак, објавено во 2011 година, Лазар Мојсов, тогаш претседател на Претседателството на СФРЈ, веднаш го повикал во својот кабинет во Палатата на федерацијата, а бидејќи знаел дека Валдхајм своевремено силно лобирал Лазар Мојсов да биде избран за претседател на Генералното собрание на ОН, очекувал дека ќе биде критикуван за грешката што е направена со објавување на досието за Валдхајм.

Во разговорот Мојсов меѓу другото му рекол дека тоа многу лошо ќе одекне во ОН, дека може да влијае врз односите со соседна Австрија, а дека негативните последици ќе паднат и на целата земја и на нејзиниот углед во светот. Заклучокот од разговорот, според уредникот, бил дека не смее да се објави повеќе ни ред на таа тема. Кога тој одбил да го направи тоа, Лазар Мојсов наводно го замолил да го послуша барем како бивш директор на „Борба“ ако не сака како претседател. Во меѓувреме веста за тајното минато на Валдхајм ја објавиле 326 светски весници. Пишувањето на таа тема продолжила и следните денови, така што „ургенцијата“ на Лазар Мојсов не дала резултат. Во тој контекст, Антон Колендиќ во своите сведоштва тврди дека Лазар Мојсов уште во 1968 година кога бил амбасадор во Виена станал голем пријател во Курт Валдхајм, тогаш министер за надворешни работи на Австрија: „Нешто подоцна двајцата стануваат постојани претставници на СФРЈ, односно Австрија, во ОН, а кога Валдхајм станува генерален секретар на ОН веднаш го именува Лазар Мојсов за претседател на триесет и второто годишно собрание! Подоцна, во 1986 година, Валдхајм се кандидира и станува претседател на Австрија, а во меѓувреме Тито го прима на Блед и, по препорака на Лазар Мојсов, го одликува со ’Орден со југословенско знаме‘“.

Професорот Денко Малески, првиот министер за надворешни работи на независна Република Македонија, смета дека Мојсов беше „извонреден талент во политиката“ и дека „ќе дојде време кога таа (комунистичката н.з) генерација ќе добие истакнато место во македонската историја, кога ќе мораме да се соочиме со целата вистина за улогата на Комунистичката партија, а не само за темните страни.

Како заклучок, скандалот Валдхајм-Мојсов-Тито се одвивал речиси паралелно со судењето на Андрија Артуковиќ во Загреб, оптужен за воени злосторства од времето на НДХ. Интересен детал кој ја потенцира перфидната злоупотреба на “борбата против нацизмот” од страна на југословенската националистичко-комунистичка номенклатура. За разлика од периодот 1945-1965 кога фокусот беше врз “нацистички германски окупатор”, по отварањето на СФРЈ, бранот гастарбајтери во Германија и Австрија, потребата за кредити од Германиј и потребата на Германија за релативизација на сопственото минато, фокусот почна да се префрла од “германскиот нацистички окупатор” кон домашните “фашистички квислинзи” со кој се елиминираа непослушните. Иако во најголем број “соработницити со нацизмот и фашизмот” веќе одамна – и до ден денешен – се комотно сметсени во комунистичките естаблишменти од лева или десна провиниенција. Од таа монетаризација на комунизмот-нацизмот во СФРЈ се родија денешните извитоперени фашистички комунисти и нацистички либерали.

За таквите денешни комунистички борци против фашизмот и нацизмот, скроени и формирани според моделот на фашизмот и нацизмот, единствената достојна реплика е славниот цитат: Ваше чувено поштење …смрди на нео-нацизам.

Друже Тито, Зиг Хајл!



Претходна статија

Андонов: Мицкоски има редовна комуникација со руската амбасада

Следна статија

Македонската амбасадорка во Бугарија му ги предаде акредитивните писма на Радев

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска