Во Стар Бешенов Романија се одржа симпозиум за големиот бугарски научник од Македонија Лубомир Милетич
Во Стар Бешенов Романија се одржа симпозиум посветен на академик проф. д-р Лубомир Милетич. Пред насобраната публика од Бугари од Банат, Јани Калапиш – кустос во Историскиот музеј, раскажа за животот и дејноста на бугарскиот научник и интелектуалец од крајот на 19 и првата половина на 20 век, јавува БТА.
Бугарскиот лингвист (подоцна академик и претседател на Бугарската академија на науките) двапати го посетил Банат за да го проучува јазикот на банатските Бугари – во 1896 година Винга и Бешенов и во 1898 година Винга. Своите студии ги опишува во публикацијата „Литературата и јазикот на банатските Бугари“, објавена во „Зборник на народната мисла, наука и литература“ (том XVI – XVII, 1900 г.). Оваа публикација е главен извор за најважните настани околу појавата и официјалната потврда на банатската бугарска литература околу средината на 19 век.
„Нетърпимостта към османския феодален гнет и римокатолическото вероизповедание събират през 1726-1730 г. бежанци от Чипровско и Централна северна България в покрайнините на влашкия град Крайова и през есента на 1737 г. от там започва драматичният им път към раждането на етнорелигиозната общност банатски българи, назована на областта Банат, където бежанците намират постоянен пристан след десетилетни скиталчества из чужди земи”, забележува Милетич во своите дела.
Во годините на својата научна дејност го објавил и „Истражување за Бугарите во Седмиградско и Банат“.
„Љубомир Милетич е првиот Бугарин кој пишувал за нас. Тој има голема улога за бугарската наука, но и за банатските Бугари. Додека бил тука, ја нашол „Historia Domnus“ – историја на парохијата, која започнува со приказна за Бугарија. Од неа научил многу за нашето преселување од Чипровци во Бешенов и Винга. Денеска се собравме на местото каде што престојувал во минатото“, изјави за време на симпозиумот еден од организаторите на настанот – пратеникот на бугарското малцинство во романскиот парламент, почесниот конзул на Темишвар и претставник на Сојузот на Банатските Бугари. Георги Наков.