| |

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: ПРЕТСЕДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ВОДИ СМЕТКА ЗА ДЕЛОВНИКОТ

Пратеничката Гордана Силјановска – Давкова на почеткот на конститутивната седница во Собранието побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

„Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата“, му рече Силјановска на Џафери.

Воедно таа побара пратениците на време да бидат информирани за седниците за да можат на време да се подготват.

Таа во нејзиното излагање му рече на Џафери и дека раѓањето на внукот не било причина да се одложи на седницата. Претседавачот треба да води сметка за Деловникот, вели Силјановска и додава дека тој не е ексклузивен во диктирање на условите.

Портенцираше дека политиката не смее да биде занимање.

„Европското знаме неколкупати беше злоупотребувано, зошто е јасно дека кога предлагате закон со европско знаменце, треба прецизно да ја наведете Директивата, во спротивно чуварот на правдата треба да го врати законот на владата со назнака дека во рок во две недели треба да ја наведе Директивата, а тоа не се случуваше.“ рече Силјановска.

Таа рече дека има голема резерва кон стар-новиот претседател како чувар на деловникот.

Слични Објави