ПОТЕРНИЦА ЗА ГАЗДА НЕФИ СЀ УШТЕ НЕМА- ТОЈ И НЕГОВИОТ БРАТ МОЖАТ СЛОБОДНО ДА ИЗБЕГААТ ВО СТРАНСТВО
Основниот суд од Охрид до денеска нема издадено наредба на полицијата да распише национална и меѓународна потерница по советникот од Советот на општина Охрид, 45-годишниот Нефи Усеини и неговиот брат, три години постариот Ибро, јавува Слободен печат.
Двајцата од Основното јавно обвинителство заработија кривични пријави за „насилство“ и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, а судот им одреди притвор во траење од осум дена само за кривичното дело „насилство“.
Јавното обвинителство Охрид отвори предмет за Усеини и неговиот брат, а како што велат од таму, собирале материјални докази и се сослушувале сведоци по однос на предметот, а веќе бил ивршен и претрес во домовите на двајцата осомничени кои сè уште се во бегство.