| |

На Петрова нива во Странџа ќе се одржи свечено одбележување на 120-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание во Одринско

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Петрова нива ќе учествува на одбележувањето на 120-годишнината од Илинденско-Преображенското востание, соопштија од прес-службата на претседателот. Прославата е под покровителство на претседателот на Република Бугарија, јавува БТА.

Од 20:00 часот во црквата-костурница „Света Петка“ ќе се одржи панихида во спомен на загинатите. Потоа, во 20 часот и 30 минути ќе започне комеморативната прослава пред спомен обележјето во историската област.

Шефот на државата и врховен командант на вооружените сили Румен Радев ќе го поздрави составот на репрезентативните чети на единицата на Националната гарда и ќе одржи говор, по што ќе им оддаде почит на загинатите за слободата за време на Илинденско-Преображенското востание.

Претходно во текот на денот, претседателот ќе учествува во одбележувањето на 146-годишнината од шипченската епопеја.

Илинденско-Преображенското востание избувнало на 2 август (20 јули стар стил) и било востание за ослободување на бугарското население во Македонија и Одринска Тракија, останато по ослободувањето на Бугарија (1878) во рамките на Отоманската империја според Берлинскиот договор, додава БТА.

Востанието го организирала и раководела Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). На Солунскиот конгрес во почетокот на јануари 1903 година била донесена одлука за кревање вооружено востание, а на Смилевскиот конгрес на битолскиот округ во април е одлучено востанието во округот да започне на 20 јули (Илинден) истата година.

На Конгресот на Петрова Нива (28-30 јуни 1903 г.), е одлучено востанието во Одринскиот реолуционерен округ да започне на 6 август (Преображение). Двата датума кои се поклопуваат со црковните празници Илинден и Преображение го даваат и името на востанието.

Слични Објави