ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДА СЕ УКИНАТ ПРИВИЛЕГИИТЕ И АПАНАЖАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Граѓаните ако се баратели на некаква услуга и доколку им се побара коруптивен надоместок не треба да потклекнат и тоа треба да го пријават со нивна пријава или како укажувач, бидејќи секој вработен од институциите е платен за работата што ја врши. Воедно потенцирам дека тие се целосно заштитени со анонимната пријава, појасни Ивановска, јавува Лидер.

Ивановска беше децидна дека функционерите не треба да имаат привилегии, тука да се укинат како што според неа треба да се укине и апанажата. Информира дека анализата за 180 инститиции е во тек и најави дека наскоро ДКСК ќе излезе со податоци за тоа колку функционерите ја чинат државата.

Посочи дека со нивните анализи и со анкетите со граѓаните е потврдено дека најголема процент на корупција има во судството преку вработувања и носење на наменски судски одлуки. Според неа судството е најслабата карика во општеството и посочи дека судиите со точни пресуди треба да ги доведат во ред работите.