ОБВИНИТЕЛОТ ОД СЈО РУСТЕМИ ЌЕ СВЕДОЧИ УТРЕ, ДЕНЕСКА ИМА СУДЕЊЕ ЗА „ТНТ“

Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, во текот на утрешниот ден треба да се појави во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и да сведочи за случајот „Рекет“, јавува Фокус.

Првичната информација беше дека Рустеми ќе сведочи денес, но поради судењето за „ТНТ“, сведочењето е презакажано за утре.

Во вторникот во обвинителството сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделникот свој исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска.

Рустеми е обвинителот кој ја води истрагата за случајот „Поштенска банка“, а обвинителката Стефанова за случајот „Империја“.