МИЦКОСКИ: KАКВИ И СУДИИ ДА ИМАМЕ, КРИМИНАЛОТ ЌЕ СЕ АМНЕСТИРА ДОДЕКА ПОСТОЈАТ ПОЛИТИЧАРИ КАКО ЗАЕВ

Излажаа и за ветингот на судиите, затоа што го држат на краток ланец „сваровски“ и „трас-трас“ судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен, вели во објава на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

loading...

Тој потсетува дека премиерот Заев ветувал ветинг во судството, односно дека тоа минатата година било главна тема.

„Реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии да имаме, се додека има некој како Заев кој се јавува по судии и диктира одлуки, ќе имаме криминал кој се амнестира и судии кои се корумпирани. Да ги прочистиме политичарите пред тоа да се направи со судиите“, вели Мицкоски во објавата.



loading...

Според него, власта повторно лаже, бидејќи, како што вели, пред некој ден и министерот за правда рекол дека нема да има ветинг.

„Тоа е така затоа што истите ‘сваровски’ судии кои носат ‘трас-трас’ одлуки станаа слуги на Заев и сега не му сметаат. Токму затоа државата ни е најкриминална во Европа. Треба да знаат дека по промената на власта ќе одговараат сите до еден, до последниот кој направил и заштитил криминал“, порачува претседателот на опозициската партија.