КАТИЦА ЈАНЕВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ЈА ИЗЗЕМЕ ФЕТАИ ОД СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК 3“
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“,откако адвокатите на обвинетите побараа изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради како што рекоа нивните меѓусебни конфронтаации, јавува НОВАТВ.
Судијката Марија Клетничка рече дека Јанева не може да биде изземена и барањето е неосновано, а за изземањето на обвинителите надлежна е Јанева.

