|

НОВИНАР ОБВИНУВА СОВЕТНИЧКА НА ЕРДОГАН ЗА ЛАВИНАТА ШТО УБИ 33 СПАСУВАЧИ ВО ТУРЦИЈА

Турски новинар ja обвинува советничката на претседателот Ердоган и поранешна пратеничка во парламентот од Ван, Ѓулшен Орхан за смртта на 33-та спасувачи, кои загинаа вчера затрупани во лавина.

„Советничката на претседателот и покрај предупредувањата на спасувачите, распоредила чистење на патот, бидејќи требало да помине со својата делегација, на пат за настан во соседна област“, тврди дописникот на телевизијата” HaberTurk “Булент Ајдемир.

Според него, Орхан наредила 4-5 машини за чистење на снег, да го расчитат затворениот пат заради опасност од лавина. Бучавата и вибрациите предизвикани од машините се причина за појавата на лавината, што им го одзела животот на спасувачите.

Слични Објави