| |

СРЕДБА НА ЗМНР АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ГРЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ДИМИТРИС ЈАНАКАКИС

Денес, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.

Во разговорите беше изразено задоволство од потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Грција како предуслов за надминување на долгогодишниот спор во врска со прашањето околу името и со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји.

Заменикот министер Жерновски изрази благодарност за поддршката за отпочнување на пристапни преговoри на Република Македонија во ЕУ, како и за добивање на покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел.

На средбата беше констатирано дека нормализирањето на билатералните односи ќе води кон значително унапредување на соработката, како во меѓународните организации и регионалните иницијативи, така и во трговската размена и економијата, во области од заеднички интерес, вклучително и во рамки на имплементацијата на Мерките за градење доверба.

Слични Објави