Чавдар Стефанов за БНР: Лагата е во темелот на руската пропаганда
Приказната со т.н бугарската трага во минирањето на мостот на Крим има две цели – за внатрешна употреба, да им каже на Русите дека „браќата што се во НАТО, погледнете што ни прават“ и за надворешна употреба, особено за Бугарија – да звучи како закана, дури и да не помисли да и даде тешко оружје на Украина, туку да зачува некаква неутралност.
Ова мислење го изрази новинарот на Бугарското национално радио Чавдар Стефанов, долгогодишен дописник на БНР од Москва, и истакна:
„Лагата е во темелот на руската пропаганда“.
„Русија ја смета Бугарија за слабата алка на која може да се влијае. Сегашната руска политика е пропаганда за нешто што создава поделби меѓу земјите и општествата“.
За владеачката структура во Кремљ, човечките жртви не се важни.
„Што и да погледнете во руската пропаганда, дури ни нивните весници не изгледаат како порано, дури не личат на тоа што беа во времето на Советскиот Сојуз… Еден од најважните моменти за руската пропаганда е да се даде другата информација, демек има плурализам… Државноста е над се, луѓето се пепел во прашината на владеачката структура“.
Во програмата „Нешто повеќе“, новинарот потсети дека по чеченската војна, во Русија започна пресврт кон неосоветизмот, кој сè уште е основа на сите активности на рускиот режим:
„Терористичките акти во 1999 година – експлозиите во станбени згради во Москва и во два други града во Русија – претходеа на Втората чеченска војна, што тогаш ја започна премиерот Путин. Нему му беше потребна воена победа за мирно да се кандидира за претседателската функција, која речиси му беше доделена“, изјави Стефанов за БНР.
Целото интервју на Чавдар Стефанов, слушнете го овде.