|

КОГА ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ“?

Кога ќе се замени системот за затоплување на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје? Црн чад продолжува да излегува од оџакот на домот и покрај фактот дека веќе се одобрени средства за решение на овој проблем.

Потсетуваме дека Владата пролетта донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со оваа мерка требаше да се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно.



Слични Објави