ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ДОДЕКА РАБОТЕЛЕ НА ТРАФОСТАНИЦА

Вчера утрото, две лица биле хоспотализирани во Клинички центар, откако се здобиле со повреди додека работеле на трафостанца.

„На 31.10.2019 во 08.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ биле донесени повредени С.М., А.Ј. и Н.Г.. Тие се здобиле со повреди додека изведувале работни задачи на трафостаница на ул.„Трета македонска бригада“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.